FLIP UP
 

X-1002 е подготвена за N-Com X-Series комуникациски систем. Кацига за цело лице со флип-ап штитник за брада, приспособена на единствен флип-ап систем кој го намалува предниот дел на кацигата до минимум (дури и кога е отворен штитникот за брада) и го спречува инцидентното затворање. Тестовите во воздушен тунел на X-1002, со преден дел и во двете позиции: отворена и затворена, покажуваат дека X-1002 има најдобри резултати во споредба со останатите кациги од истата категорија.

01 - ОТВОРАЊЕ НА ШТИТНИКОТ ЗА БРАДА И РОТАЦИОНЕН ВИЗИР МЕХАНИЗАМ

Системот за отворање на штитникот за брада се карактеризира со ротационен механизам со елиптични движења, што ја намалува предната страна на кацигата и го спречува инцидентното затворање на штитникот - визирот, кога се отворени.

Системот на ДВОЈНА АКЦИЈА, со безбедносна визир брава, спречува инцидентно отворање на визирот. X-1002 е опремен со систем за ИНТЕЛИГЕНТНО ПОДИГНУВАЊЕ кој има две споени полуги за затворање, со можност за отворање со една рака, преку левата полуга.

 
02 - ГОРНА ВЕНТИЛАЦИЈА

Предниот довод на воздух што се контролира со копче кое реагира на лесен притисок, го насочува воздухот внатре во кацигата низ мрежа на канали со што се обезбедува одлична контрола на температурата и се спречува локализирање на ладните точки.

 
02 - ДОЛНА ВЕНТИЛАЦИЈА

Доводот за воздух на штитникот за брада работи со горниот отвор и е опремен со специјален дифузер кој го насочува протокот на воздух низ кацигата, исто како и во внатрешноста на визирот, за да се спречи замаглувањето.

 
03 - КОМФОРНА ВНАТРЕШНА ПОСТАВА КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ОТСТРАНИ

X-1002 внатрешна ткаенина може тотално да се отстрани и да се испере, направена е од високо квалитетна, армирана ткаенина што била долго време тестирана за комфор и дишење. Антибактерискиот третман гарантира врвна хигиена и свежина и ги спречува непријатните миризби.

 
04 - ШТИТНИК ОД СОНЦЕ (VPS)

Ексклузивниот VPS (систем за визуелна заштита) е едноставен и практичен штитник од сонце што е поставен на надворешната страна од визирот: едноставно се спушта или подига во зависност од потребата.

Корисен е во сите можни ситуации, за долги патувања или за покуси патувања околу градот. Неговиот иновативен ротациски механизам – синхронизиран со отворањето на визирот и со подигањето на штитникот за брадата – обезбедува перфектно функционирање во сите услови на возење. VPS лесно се отстранува ако не е потребен, како и поради нормално одржување и чистење.
 
 
Големини | XS | S | M | L | XL | XXL |
 
Технички карактеристики
 
Брошура
 
Признанија
 
 
 
 
Слики
 
Технички слики
chin guard opening and visor rotation mechanism (01)
chin guard opening and visor rotation mechanism (01)
ventilation (02)
removable inner comfort padding (03)
Sunscreen (VPS) (04)
Nolan Fog Resistant (NFR) Full Silicon Bind (FSB)
N-COM Xseries
 
 
X-1002
Elegance
 
 
© Copyright 2011 Makpetrol A.D. All rights reserved.