FLIP-UP
 

N103 е резултат на искуството стекнато со N100, N101 и N102, неоспорни лидери на пазарот на кациги за цело лице, со флип-ап. Во однос на функционалноста и дизајнот, Nolan N103 користи знаење стекнато низ развојот и адаптирањето на претходните три модели. Таа е исто така израз на посебно внимание кое Nolan го посветува врз тековните функционални и естетски подобрувања на своите производи што доведе до креирање на уште поелегантна и агресивна кацига со висок стандард и квалитет:

  • школка со аеродинамичен и модерен дизајн;
  • гумена облога поставена помеѓу штитникот за брадата и школката, која помага да се намали потецијалната бучава предизвикана од ветер, така што ја зголемува удобноста на возачот;
  • најсовремена "Clima Comfort" внатрешна постава, која може да се извади и да се испере;
  • иновативна конфигурација за перничиња за образи, уште поудобна благодарение на новата EPS поддршка.

01 - СИСТЕМ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА
И понатаму се карактеризира со ефикасни воздушни проводи во внатрешната школка, гарантира константна циркулација на воздухот внатре во кацигата. Супериорна удобност на возачот во сите услови, благодарение на новите воздушни доводи и на задниот одвод.
 
02 - ВИЗИР
Визир со иновативен механизам со копче за брзо ослободување, ги прави операциите на склопување и на расклопување уште побрзи.
 
03 - VPS (систем за визуелна заштита)
Со внатрешната заштита од сонце може лесно да се оперира и од надвор; може да се отстрани поради чистење, или замена. Се карактеризира со S/R (отпорност на гребење) и F/R (отпорност на магла).
 
04 - СИСТЕМ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ШТИТНИКОТ ЗА БРАДА И МЕХАНИЗАМ НА ВИЗИРОТ
N103 се карактеризира со систем за отворање со ДВОЈНА АКЦИЈА. Позициониран во центарот на штитникот за брадата, може да се отвори само со една рака. Системот за отворање е така дизајниран што овозможува крајна практичност. Механизмот со двојна акција го спречува штитникот за брадата ненадејно да се отвори, со што гарантира максимална сигурност. Со неговиот нов "напреден" дизајн, штитникот за брадата нуди повеќе простор nа предната страна од лицето на возачот.
 
05 - Иновативниот систем за отворање на штитникот за брада комбинира три различни функции:
А – ротација на штитникот за брада со елиптична траекторија кој ја минимизира фронталната површина во отворена позиција и го спречува инцидентното затворање;
Б – автоматско враќање на визирот кога се отвора штитникот за брада;
В – визир механизам со различни помошни позиции.
 
 
Големини | XXS | XS | S | M | L | XL | XXL
 
Технички карактеристики
 
Брошура
 
Признанија
 
 
 
 
Слики
 
Технички слики
rear air extraction system (01)
top ventilation (01)
front ventilation (01)
Nolan Fog Resistant (NFR) Full Silicon Bind (FSB)
quick release (02)
sunscreen (VPS) (03)
dual action (04)
visor mechanism (05)
N-COM
 
 
N103
HI-VISIBILITY N-COM
 
MOTORRAD N-COM
 
SHADE N-COM
 
CLASSIC N-COM
 
SPECIAL N-COM
 
© Copyright 2011 Makpetrol A.D. All rights reserved.